Магистер по граѓанско право, дипломирал на Универзитетот во Приштина. Работел како помлад советник во адвокатска канцеларија. Има петгодишно искуство како младински активист и во невладини организации, а е и ко-основач на една од најактивните НВО во регионот. Мајчин јазик му е албански, а течно зборува македонски, англиски и турски.
Позиција: Одговорен за активности поврзани со студенти и невработени
Артан Лума е роден на 23.02.1979 година во Тетово, Македонија. Дипломирал во 2002 година на компјутерски науки на Државниот универзитет во Тетово, Македонија. Магистерските студии ги завршува во 2007 година, на Државниот универзитет во Приштина, Косово, со магистерски труд со наслов „Можности за создавање хипермедијален софтвер за интерактивно учење“.
Се запишува на докторски студии во септември 2007 година на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Македонија. Докторирал на компјутерски науки, во мај 2010 година, со тезата под наслов „Алгоритми на неколку математички модели и нивна имплементација во криптосистемите“. Од 2003 година е вработен на Универзитетот во Југоисточна Европа, прво во компјутерскиот центар и од 2004 година на Факултетот за современи науки и технологии, УЈИЕ. Се стекна со звање доцент во 2010 година, звање вонреден професор во 2015 година и звање редовен професор во 2020 година. Бил на научни конференции и стручни состаноци од меѓународен карактер. Објавил над 45 научни трудови на конференци и над 17 научни трудови во списанија, како и три универзитетски книги. Неговата работа е цитирана во над 70 научни трудови, објавени во меѓународни списанија и конференции, како и некои списанија со импакт фактор. Научни трудови од конференции и списанија се објавени во Clarivate Analytics – Developing Resources Index, EBSCOHost, Scopus, IEEE and ACM. Публикациите се од областа на безбедност на компјутерски систем, безбедност на компјутер, безбедност на информации, безбедност на информациони системи, безбедност на Cloud, безбедност, криптографија, алгоритми. Тој исто така придонесе за организирање и менторство на студенти за натпревари, како што е предизвикот NASA Space Apps. Учествувал и во над 15 научни проекти од меѓународен карактер.
Д-р. Азир Алиу предава на Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа. Откако беше избран во академската титула професор-асистент, д-р. Азир Алиу има висока академска позиција, а голем дел од неговата работа е фокусиран на развивање, одржување и подобрување на Технолошкиот парк на УЈИЕ.
Бил советник на премиерот на Република Македонија за високо образование, наука и ИКТ. Бил ангажиран како експерт во проект на ЕУ, како консултант за образовни реформи. Имал исклучителни резултати за академската заедница и нејзината перспектива. Има одлично искуство во подготовка на национални стратешки, политички и рамковни документи. Во 2015-2016 г. беше член на стратешката комисијата за ИКТ стратегија и акциски план на Република Северна Македонија. Во 2016 г. учествуваше во Стратегијата за образование со акциски план 2016-2020 и во работната група за ИКТ. Во 2015-2016 г. беше ангажиран како експерт во проектот на ЕУ IncoNET EaP S&T Policy Mix Peer Review за средното образование во Ерменија. Остварил исклучителни резултати и постигнувања за академската заедница и нејзините перспективи.
Билјана Штерјовска е дипломиран електро инженер, со магистратура по економија. Дипломирала на Факултетот за електротехника во Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“), во областа на компјутерско инженерство, информатика и автоматизација во 1998 г. По дипломирањето се вработува како професор по информатика во гимназијата во Гостивар, каде што се уште работи.
Во 2011 г. магистрира на Институтот за економија во Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“), во областа на претприемништво. Учествувала во спроведувањето на многу проекти поврзани со развојот и унапредувањето на образованието, образованието на младите и возрасните, човекови права, демократија, менторство, интеркултурализам, меѓуетничка интеграција, претприемништво и граѓански активизам.
Лирим Амити работи како внатрешен ревизор на Универзитетот на Југоисточна Европа, а во исто време е и член на одборот на директори на ИИА Македонија и член во извршниот совет на ИКАФ. Дипломирал бизнис администрација и е професионалец со искуство во областа на надворешна ревизија, во банкарскиот сектор и специјалист за внатрешна ревизија.
Има повеќе од една деценија искуство како внатрешен ревизор, во воспоставување на функцијата на внатрешна ревизија, формулирање и воспоставување на методологии за внатрешна ревизија согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики. Овластен обучувач од ИИА Глобал и сертифициран обучувач од ЦИПФА за Основи на внатрешна ревизија, лидерство и контрола и управување со организации. Неговото искуство како обучувач главно е поврзано со обука на внатрешни ревизори, специјалисти за финансии и сметководство на теми како основи на внатрешна ревизија, меѓународни стандарди за вршење на внатрешна ревизија, измама и управување со ризик.
Неби Џемаили дипломирал финансии на Катедрата за бизнис администрација при Факултетот на Југоисточна Европа, каде и што магистрирал финансии. Неби Џемаили ја почнал кариерата во невладиниот сектор како потпретседател за финансиски работи, а бил и волонтер во Инвест консалтинг, каде што бил задолжен за водење на сметководство на повеќе од 50 приватни компании.
Во 2007 г. почнал да работи како референт за буџет на Универзитетот на Југоисточна Европа, а подоцна бил унапреден во финансов директор. Во моментов е на чело на канцеларијата за финансии. Во текот на кариерата работел и во Еколог Интернационал Тетово, каде што бил задолжен за пресметка на плати на вработените во компанијата. Од 2011 г. Неби Џемаили е член на инвестицискиот одбор на КБ Публикум инвест.
Магистрирала деловно право на факултетот „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има 15 години искуство во национални и меѓународни организации во различни области, како администрација, право, финансии, избори, НВО, советување, набавки, ЧР. Мајчин јазик и е албански, а течно зборува македонски, англисики, турски и шпански.
Виолета Јованоска во моментов е ангажирана за позицијата менаџер на Младинскиот ресурсен центар. Таа e дипломиран економист со специјалност во сферата на маркетинг и сметководство. Здобиена со наградена од американски научници од Академијата за врвни достигнувања на Соединетите држави од Државниот универзитет во Монтана – Северен, Авр, МТ, САД. Носител на бројни сертификати и награди за обука, како и доброволна работа во заедницата како дел од Волонтерските и образовните програми за IRS (СЛУVБА ЗА ВНАТРЕШНИ ПРИХОДИ) – САД . Таа е носител на сертификат за осигурителен брокер издаден од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија и поседува рaботно искуство во ВФП АД Скопје Осигурително брокерско друштво . Работела како менаџер за продажба на мало во телекомуникациски сектор Космофон, ОНЕ, ВИП повеќе од 15 години. Македонски мајчин јазик и течно зборува англиски јазик.
Г. Мемеди е роден во Тетово во 1963 г. Универзитетското образование го завршил во Скопје во 1989 г. Во 2002 и 2003 г. завршил професионална обука на Универзитетот Индијана за управување со човечки ресурси и посетил повеќе од 20 универзитети во САД како дел од обуката за универзитетско управување. Во 2005 г. магистрирал на Школата за менаџмент во Блед, Словенија.
Од 2008 г. активно се занимава со истражување во областа на управување со промени. Докторирал на Факултетот за бизнис и економија на УЈИЕ во 2015 г. Г. Мемеди ја почнал кариерата како наставник по англиски во 1995 г. Во 1996 г. почнал да работи на Тетовскиот универзитет, прво како лектор по англиска книжевност, а потоа како шеф на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Во исто време предавал и во средното економско училиште, каде што бил и претседавач на школскиот одбор. Кон крајот на 1998 г. го напуштил економското училиште на кратко, за време на кризата во регионот, за да работи за мисијата на Обединетите нации во Македонија, а во 1999 г. бил шеф на локалната канцеларија на Интернационалниот републикански институт во Тетово. Во 2001 г. се придружи на малиот, но посветен тим на меѓународен и локалн кадар што го основа новиот Универзитет на ЈИЕ во октовмри таа година. Оттогаш работи на Универзитетот ЈИЕ во различни функции, прво како директор на секторот за човечки ресурси, а потоа и како заменик генерален секретар. Неговата сегашна позиција на генерален секретар на Универзитетот ЈИЕ г. Мемеди ја извршува од 2004 г.
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.