МРЦ во Гостивар ќе биде формиран како модел што ќе ги спои на едно место општината, локалните НВО и другите клучни чинители во заедницата во заеднички управен одбор што ќе раководи со програмата и услугите. Со иницијативата за МРЦ ќе се спојат клучните чинители во заедницата за да се реши високата невработеност кај младите во регионот и проблемот со имиграција на младите кои ги напуштаат регионот и земјата. МРЦ ќе нуди и важни обуки што ќе изградат клучни компетенции за работните места што им се потребни на компаниите.
Една од многуте цели на нашиот центар е да им помогне на малите бизниси и старт-ап компании. Ќе има канцеларии каде што старт-ап компаниите ќе можат да работат и да ја разработат својата идеја, со помош од нашите искусни ментори.
Мисијата и целите на фазите пред-инкубација и инкубација се: можности за млади талентирани лица, регионален развој, голем раст, комерцијализација на знаењето, секторски развој, поддршка на социјалното претприемништво, корпоративно спојување.