MРЦ нуди важни обуки со кои се градат клучни компетенции за специфичните работни места што им се потребни на компаниите. Подолу се наведени дел од активностите на МРЦ што ќе продолжиме да ги развиваме за да ги задоволиме потребите на пазарот.
Предавања и семинари
Експерти од одредена област или успешни претприемачи редовно ќе го споделуваат своето скапоцено знаење за градење на бизнис. Темите ќе се одбираат според потребите на центарот, МСП, младите или старт-ап компаниите и мрежата.
Работилници
Интензивна едукативна програма што се фокусира на техниките и вештините во одредена област. Работилниците се можност за дискусии, интеракција, презентации и дебати за дадена тема.
е-учење
На нашиот вебсајт може да се најдат онлајн малтеријали за учење и информации. Со ова се проширува активноста на МРЦ, а корисно е затоа што членовите и чинителите може да учат со свое темпо, кога и каде им одговара. Редовно ќе креираме нови лекции и ќе обезбедуваме нови материјали за учење.
Јавни настани
Редовно организираме јавни настани погодни за нашата целна публика. Видови на настани што ги организираме секој месец: настани за вмрежување; поврзување на искусни претприемачи; ментори; старт-ап компании; хакатон; отворена куќа; натпревари и корпоративни настани.
Разговор во четврток!
Настан што им дава можност на студентите да споделат знаења за одредена тема, да дискутираат за личните ставови за секојдневни прашања или да презентираат информации за релевантни прашања.
Еден час кодирање (најголемиот настан во светот за основно кодирање)
Еден час кодирање почна како едночасовен вовед во компјутерските науки, со намера да се демистифицира „кодот“, да се покаже дека секој може да ги научи основите, и за да се зголеми учеството во областа на компјутерски науки. Вклучени се средните училишта од полошкиот регион.
Хакатон
Собири каде што програмери интензивно кодираат заедно во краток временски период. Обично нашите хакатони траат неколку дена, но не повеќе од една недела.
Девојчиња и жени во ИКТ
Девојчињата во земјата немаат примери што би ги поттикнале нивниот интерес и аспирации за технологијата. Се фокусираме и создаваме неколку активности за да се надминат непосредните пречки за усвојување на ИКТ вештини кај девојчињата и жените.
Неформален кафе муабет
Три до шест панел дискусии (мотивациски говор) годишно, кога им нудиме на средношколците да се запознаат со успешни локални и национални претприемачи. Тие ќе ги споделат нивните успешни приказни, ќе разговараат на различни теми и ќе ги мотивираат идните вработени.
Проценка на компанија
Повеќето сопственици на бизниси не ја знаат вистинската вредност на нивната компанија, и често додаваат сентиментални вредности, големи неопипливи вредности, и нереални вредности на капиталот и на пазарот. Тоа не е одраз на вистинската вредност на компанијата. Иако ова звучи прилично лесно, потребна е подготовка, обука и размислување за соодветна проценка на бизнисот.
Како да се регистрира компанија во Северна Македонија (од правна гледна точка) и оданочување
- процедура за регистрирање на компанија во Северна Македонија
- едношалтерски систем
- видови компании
- потребни податоци и документи за регистрирање на компанија со ограничена одговорност
- филијала
- данок за компанијата
- данок на промет/данок на додадена вредност (ДДВ)
- данок
- данок на плата
Стратегии за барање кариера/работа
Ќе понудиме одговори на следниве прашања:
- Што сакам да правам во животот?
- Кои кариери ме интересираат?
- Какви вештини имам?
- Какви вештини ми се потребни?
- Кои нови вештини сакам да ги стекнам?
- Како најдобро да се подготвам за кариера?
- Кои курсеви и дополнително образование се најдобри за мене?
- Како да се стекнам со практично искуство додека сум на училиште?
- Дали да одам на пракса? Дали да студирам во странство? Каде? Кога?
- Како да развијам лидерски и други вештини?
Професионален кариерен развој
Кариерното планирање и развој во ПКР ќе ви понуди многу можности да ги истражите вашите интереси, вредности и вештини и да почнете да ги развивате оние вештини и квалитети што ќе ви овозможат да бидете многу успешни на работното место.
Деловни консултации
За подобри резултати, поголема продажба, профитабилност, удел на пазарот и ефикасност, центарот нуди квалитетни услуги што навистина ќе сменат нешто за вашиот бизнис. Целта на нашите консултантски услуги е да се подобрат резултатите, почнувајќи со стратегии за развивање на бизнисот па до продажба и маркетинг, бизнис план, внатрешна организација, финансиски совети, како да спроведете е-бизнис во компанијата, и многу друго.
Услуги за ЧР за компаниите
Центарот им помага на компаниите, јавните институции и НВО да го најдат совршениот профил за нив. Центарот ќе ја скрати долгата процедура за аплицирање, потрага и одбирање на најдобрите кандидати.
Индивидуално кариерно советување
Целта на кариерното советување е да им се помогне на студентите да го одберат вистинскиот кариерен пат. Студентите што се заинтересирани за кариерно советување треба да закажат средба со претставник на центарот преку мејл или со директен контакт. Претставникот за кариера ги советува заинтересираните лица за тоа како да напишат кратка биографија, мотивациско писмо, техники за интервју, тест за проценка на кариера, која е најдобрата кариера за нив, како да аплицираат за работа, практикантство или стипендија и слично.
Курс за full stack веб програмер
Програмата е поделена во 7 дела, а секој опфаќа важна компонента од веб програмирањето и основните теми што треба да се научат. Секоја тема е придружена со детални инструкции и објаснување на важноста.
Оваа програма е темел на програмата за full stack веб програмирање на ЈИЕ со менторство и кариерно советување. Овој курс е поделен на два дела: front-end, тоа се визуелните и интерактивни аспекти на еден вебсајт, и back-end, односно логиката зад сцената што го поддржува вебсајтот: бази на податоци, корисничко управување.