МРЦ- iCan е отворен во градот Гостивар, во просториите на поранешното приватно училиште „Јахја Кемал“ во Гостивар. Адресата на центарот е ЈНА б.б., Гостивар 1230, во простор од 400 м2. Центарот располага со:
- инфо пулт/пријавница
- канцелариски простор за старт-ап компании
- заедничка просторија/место за игри
- снек бар
- простории за активности/училници
- повеќенаменска просторија
- просторија со компјутери
- делови на отворено
- административна канцеларија
- кујна
- тоалети
Во заедничката просторија на центарот може да читате книга во нашите удобни столчиња, да работите на лаптоп или да се релаксирате во меките фотељи, може да дојдете со пријателите и да се забавувате, или пак да запознаете нови луѓе и пријатели. Во домашниот амбиент и удобноста ќе се чувствувате слободно и задоволно.