Нашиот фокус, главно, е на воспоставување на соработка меѓу средните и мали претпријатија, локалните власте, универзитетите, средните училишта и младите, за да се создаде иновативен екосистем на учење и претприемачка култура.
МРЦ функционира како иновациски и ресурсен центар за вработување и самовработување на младите, со фокус на работните места на иднината. Центарот ги збогатува и проширува услугите што им се достапни на студентите на кампусот на Универзитетот на ЈИЕ, а во програмата ги вклучува и учениците од основните и средните училишта. Ние ја нудиме врската што недостасува за да се добијат потребните вештини и компетенции на пазарот на труд, помагаме при развивање на претприемачки услуги на помлада возраст и градиме капацитети за бизнис менаџмент, развивање на старт-ап компании и поддршка за раст и развој на локалните фирми.