ОТВОРЕН ПОВИК (Eксперт во областа на организација и модерирање)
iCAN бара да ангажира експерт во областа на организација и модерирање, да спроведе настан за разговор со успешен млад поединец во светот на бизнисот.
Апликантите ќе треба да достават до iCAN презентација поврзана со темата што ќе биде дел од организацијата.
Методологија и поле на дејствување
Од експертот/предавачот се очекува:
Креирање методологија и динамика поврзани со настанот, организирање на целиот настан и модерирање на истиот. Обезбедување стабилен и удобен простор за реализација на настанот и за учесниците.
Очекувани резултати
По организарањето, учесниците треба да бидат способни за:
- Разбирање на важноста на вмрежувањето;
- Анализирање и идентификување на начини за постигнување кариера;
- Планирање на нивните идеи;
- Зајакнење на нивното ментално здравје и да бидат мотивирани од успешни приказни;
- Спроведување на кариера ориентација;
Експертот/предавачот ќе биде одговорен за организацијата и дистрибуцијата на материјалот.
Критериуми за искуство и вештини на експерти/предавачи:
Диплома соодветна за организирање, советување, кариерно водство или модерирање.
Искуство во областа на организирање и модерирање настани.
Одлични вештини за интерперсонална комуникација и советување.
Краен рок за пријавување 01.12.2022
За да аплицирате за оваа позиција, испратете ни ги потребните документи на: ican@seeu.edu.mk
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.