s
About Us
Lorem Ipsum is simply dummy text ofering thetonat sunrising printing and typesetting industry seo is partysipati carma. Lorem Ipsum is simply dummy,
Follow Us

Blog

Ангажирање практиканти за потребите на iCan

Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, вршење работни задачи и стекнување искуство во рок од 3 месеци и специјализација на работното место како резултат на учење преку работа.

Практикантите треба да бидат студенти или дипломирани студенти од областа на ИТ или економијата.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во практична работа, финансиска поддршка во износ од 12.000,00 денари месечно ке му биде исплатена за периодот за кој се изведува практичната обука.

Надоместокот ќе се префрли на сметката на практикантот по истекот на тековниот месец од периодот на договорот.

Условите, правата и обврските ќе бидат регулирани со договорот помеѓу iCan и практикантите.

Дел од обврските се:

  • Организирање и одржување на онлајн обуки и настани.
  • Објавување и одржување на веб-страницата и социјалните медиуми на iCan.
  • Комуницирање со заинтересираните луѓе кои сакаат да креираат старт-ап компании и да ги користат нашите канцеларии.
  • Придонесување за идентификување на главните предизвици кои влијаат на вработувањето на младите на локално и регионално ниво и да предложат активности со нови иновативни пристапи.
  • Развивање и испорака на услуги за корисниците и клиентите на Центарот и усогласување со работните места со потребите на пазарот на трудот.
  • Работа на воспоставување ефикасна соработка со приватниот сектор и социјалните претпријатија за да се идентификуваат можностите за вработување , меките вештини и стручни обуки, практиканти и вработувања.
  • Координација, следење, евалуација и известување за активностите на приватниот сектор кои имаат за цел да помогнат во вработувањето на младите.
  • Вклучени се и невладините организации со  активности во регионот за воспоставување добра мрежа за соработка и нудење на услугите на Центарот.
  • Ангажирање со малите и средни претпријатија од полошкиот регион вклучувајќи посети и скенирање на потребите на компаниите.
  • Работа и обезбедување насоки за приватни компании и невладини организации во дефинирањето на нивната работна сила и побарувачката за обука.
  • Учество на настани со приватниот сектор, вклучувајќи обуки и работилници.
  • Обезбедување и програмска и административна поддршка за голем број иницијативи за вработување и младински развој, управувани од Ресурсниот центар.
  • Организирање, насоки и поддршка на  иницијативи за барање работа на младите во Полошки регион.
  • Промовирање на развој на лидерство, иновации и нови пристапи и концепти за младинско ангажирање и учество на иницијативите на пазарот на трудот, како и иновативни пристапи во можностите за учење на младите, меките вештини и основните вештини.
  • Тесна соработка со менаџерот на Младинскиот центар за промовирање и развивање на дијалогот на локално ниво помеѓу јавниот и приватниот сектор, вклучително особено образовниот систем и работодавачите.

Заинтересираните студенти можат да се пријават на нашиот email: ican@seeu.edu.mk со испраќање CV и мотивационо писмо.

Краен рок за пријавување: 27 Април 2022, во 16:00 часот

Детални информации може да се добијат на телефонскиот број за контакт: 076-884-000, достапен секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Font Resize
Click to listen highlighted text!