ОТВОРЕН ПОВИК (експерт/предавач) во областа на Дигитализација на МСП
iCAN бара да ангажира еден експерт/предавач во областа – Дигитализација на МСП што ќе реализира едно предавање во гореспоменатата област за потребите на проектот.
Кандидатите ќе треба да достават до iCAN презентација поврзана со темата што ќе биде дел од предавањето.
Методологија и поле на дејствување
Од експертот/предавачот се очекува:
- Објаснете како МСП можат да започнат со дигитализација на нивниот бизнис и да имаат корист од дигитално трансформираните работни текови и задачи, зошто дигитализацијата е можност за МСП?
- Четири фази на процесот за дигитална трансформација на МСП:
- Дигитален учесник, Digital Resolute, Digital Driver, Digital Adept
Очекувани резултати
По предавањето учесниците треба да бидат способни да jа препознаат важноста на примената на современите информатички и комуникациски технологии која се појавува во дигиталната економија.
Малите и средните претпријатија можат да имаат богати придобивки ако можат да пристапат кон дигиталната трансформација со позитивен начин на размислување. МСП често бараат водич или патоказ што може да им помогне да ги разберат и планираат своите први чекори кон дигитална трансформација.
Барања за искуство и вештини за експерти/предавачи:
Диплома во област погодна за обука.
Искуство во областа на обука и менторство.
Теоретско и применето искуство поврзано со Дигитализација на МСП
Краен рок за пријавување 23.10.2021
За да аплицирате за оваа позиција, испратете ни ги потребните документи на: ican@seeu.edu.mk
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.