ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ / ПРЕДАВАЧ ОД ОБЛАСТА FULL STACK WEB-DEVELOPMENT (краен рок за аплицирање 26.07.2021)
iCAN има потреба за ангажирање на еден експерт / предавач за спроведување на обука во областа на Full Stack Web Development, во времетраење од 15 недели.
Апликантите ќе треба да му достават на iCAN наставна програма за обуката и план за имплементација, кој ќе ги опфати целокупните барања на ToR-от, вклучувајќи ја и предложената методологија, јасна временска рамка и споделување на процесите.
Методологија и поле на дејствување
Од предавачот се очекува да:
Креира методологија и динамика во врска со обуката Full Stack Web Development, да ги научи учесниците да креираат веб-страници, да ги научи учесниците да програмираат во JavaScript, зајакнување на решавањето на проблеми при програмирање, како и разбирање на концептот клиент / сервер.
Очекувани резултати
По обуката, учесниците треба да можат да:
Креираат функционални веб-страни;
Ги разбираат различните типови на функционалност на JavaScript;
Работат на различни начини на програмирање;
Бидат обучени за тимска работа (teamwork).
Предавачот ќе биде одговорен за организација и испорака на висококвалитетен наставен материјал и проценка на успешноста на учесниците на различен аудиториум на студенти, вклучувајќи ги и невработените лица и компаниите.
Совети и поддршка за студенти и компании за време на курсот.
Конечен извештај за спроведувањето на процесите по завршувањето на процесот на предавање.
Критериуми за искуство и вештини на предавачи:
Диплома соодветна за обуката;
Искуство во областа на обука и менторство на средношколци;
Теоретско и применето искуство поврзано со екосистемите за иновации и стартапи;
Способност за самостојна работа и во ситуации со тесна динамика и тесни рокови;
Одлични меѓучовечки вештини за комуникација и консултации.
Контакт:
ican@seeu.edu.mk
+389 78 358 335
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.