ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ – МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ
ДАТУМ: 20.05.2021
ВРЕМЕ: 18:00
ЈАЗИК: МАКЕДОНСКИ (СО СИМУЛТАН ПРЕВОД НА АЛБАНСКИ)
Бидете дел од овој вебинар каде ќе имате можност да се запознавате со мисијата и целите на Фондот за Иновации и Технолошки Развој, и поддршката која ова институција им ја дава на микро, мали и средните претпријатија а исто така и можностите за младите во државата.
Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој е меѓународно докажан претприемач, експерт за односи со јавност, говорник и бизнис-автор.
Тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 40 земји низ светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Малта, Норвешка, Турција, Иран, Египет, Катар, Азербејџан и Јужна Кореја. Две години по ред, Коста беше дел од листата на највлијателни професионалци за настани во Југоисточна Европа на „Конгрес магазин“.
Со над 40.000 продадени примероци, Коста е и еден од најпродаваните бизнис-автори во Македонија.
Тој е поранешен директор за развој во IABC EMEA, редовен дописник за американското издание на „Хафингтон пост“ и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.
За да присуствувате на овој курс, пополнете го овој формулар: https://forms.gle/FicTBVskB9KUWkWd7
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.