ОБУКА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Добродојдовте на обуката „Вовед во сајбер безбедност“.
Оваа обука e дизајнирана со цел да ја истражи сајбер безбедноста како потенцијална област за специјализација во IT кариера.
Обуката ќе ви обезбеди:
- Да ја разберете важноста од безбедно on-line однесување
- Да се запознаете со различни видови на злонамерен софтвер (malware) и можни напади
- Да се запознаете со стратегиите за заштита од напади кои ги користат организациите
За следење на обуката, регистрирајте се на следниот линк: https://forms.gle/KztucZkjCSvYgspCA
Обучувач: Проф. д-р Артан Лума
Артан Лума е роден на 23.02.1979 година во Тетово, Македонија. Дипломирал во 2002 година на компјутерски науки на Државниот универзитет во Тетово, Македонија. Магистерските студии ги завршува во 2007 година, на Државниот универзитет во Приштина, Косово, со магистерски труд со наслов „Можности за создавање хипермедијален софтвер за интерактивно учење“.
Се запишува на докторски студии во септември 2007 година на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Македонија. Докторирал на компјутерски науки, во мај 2010 година, со тезата под наслов „Алгоритми на неколку математички модели и нивна имплементација во криптосистемите“.
Учествувал на научни конференции и стручни состаноци од меѓународен карактер. Објавил над 45 научни трудови на конференци и над 17 научни трудови во списанија, како и три универзитетски книги. Неговата работа е цитирана во над 71 научни трудови, објавени во меѓународни списанија и конференции, како и некои списанија со импакт фактор.
Научни трудови од конференции и списанија се објавени во Clarivate Analytics – Developing Resources Index, EBSCOHost, Scopus, IEEE and ACM. Публикациите се од областа на безбедност на компјутерски систем, безбедност на компјутер, безбедност на информации, безбедност на информациони системи, безбедност на Cloud, безбедност, криптографија, алгоритми и образование.
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.