ОБУКА ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА СТРЕС
Наслов на обуката: Менаџирање на стрес
Обучувач: Уриме Демири – Шаипи, д-р по јавно здравје
Датум: 29.03.2021 – 02.04.2021
Време: 18: 00-19: 00 часот
Локација: ZOOM
Јазик: албански
Теми опфатени со обуката:
- Што е стрес, фактори на стрес, извори на стрес, видови на стрес, последици итн.
- Што се случува во нашето тело кога сме под стрес: психолошка, физиолошка и бихејвиорална реакција на стрес.
- Менаџирање на стрес, примарно, секундарно и повторна проценка на стресот
- Улогата на позитивните емоции при менаџирањето на стресот
- Менаџирање на стрес:
- Вештини насочени кон акција: Овие вештини се однесуваат на ситуации во кои имате контрола и моќ да влијаете на нивната промена.
- Вештини насочени кон емоции: Овие вештини се поврзани со стресни ситуации, со кои можете да управувате само со промена на чувствата за тие ситуации.
- Техники на прогресивна релаксација, медитација, длабоко дишење, скенирање на телото, визуелизација преку употреба на сетилата итн.
- Како да се идентификува и управува со стресот на работа и во личниот живот
- Како да го смениме нашето однесување и да започнеме да практикуваме активни методи за справување со стресот.
За следење на обуката, Ве молиме да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/PDvP7PTXoR7W2hCu7
Обучувач ќе биде д-р Уриме Демири-Шаипи
Д-р Уриме Демири-Шаипи е експерт за проценка на стрес, справување со стрес, позитивни емоции, биомаркери на стрес. Работејќи како стоматолог и правејќи истражувања кои ги спојуваат стоматологијата и менталното здравје, таа покажа како интердисциплинарното истражување може да ја подобри науката да решава проблеми помеѓу различни полиња. Како стоматолог со пасија за унапредување на здравјето и безбедноста на заедницата, таа се стекна со докторска диплома во областа на јавното здравје на Институтот за здравствени науки PAPRSB, Универзитет „Брунеј Дарусалам“ (2019) на тема: „Студија за психолошки стрес и плунковни биомаркери на стрес кај здрави млади возрасни лица“. Сега, како доцент на Универзитетот „Мајка Тереза“, д-р Демири-Шаипи развива содржини за обуки и реализира интерактивни обуки за стрес, менаџирање на стрес и опасности и безбедност на работното место, употребува истражувања и податоци за подобрување на здравјето на заедницата.
Д-р Уриме Демири-Шаипи исто така, има работно искуство како предавач/асистент на Универзитетот „Мајка Тереза“ (2017-2019) и како проект-асистент во Care International Macedonia, каде што има стекнато значајно искуство во развивање и имплементирање на програми за јавно здравје на заедницата. Таа учествува во работните тела на универзитетот и има одлични комуникациски и интерперсинални вештини. Автор е на голем број рецензирани публикации и коавтор на учебник „Интрахоспитални инфекции – мултифакторски пристап во превенција на нозокомијални инфекции“ за студенти на стоматологија, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија.
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.