s
About Us
Lorem Ipsum is simply dummy text ofering thetonat sunrising printing and typesetting industry seo is partysipati carma. Lorem Ipsum is simply dummy,
Follow Us

Blog

ОБУКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, МЕНАЏИРАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО И КОМУНИКАЦИЈА

Наслов на обуката: Професионализам, менаџирање на однесувањето и комуникација

Обучувач: Лумтурие Мехмеди Синани

Датум: 01.02.2021

Време: 19:00

Платформа : ZOOM

Јазик: Македонски

Сите што ќе ја завршат оваa обука ќе добијат сертификат.

Опис на обуката:

Обуката Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникацијата има за цел да ги вклучи и елаборира најважните аспекти на професионалното однесување и изглед, управување со однесувањето и комуникација во професионални контакти. Учесниците на обуката ќе стекнат основни знаења за прашањата и димензиите  на професионализам на работното место, управување со однесувањето и комуникација, а исто така, ќе ја развијат нивната способност да применуваат професионално однесување и комуникација при справување со професионални прашања. На овој курс, ќе ги научите основните видови и форми на професионална комуникација, очекувањата во врска со професионалното однесување и презентирање, употребата на комуникациски вештини и управување со однесувањето кон соработниците (и клиентите). Обуката е погодна за луѓе кои се на почетокот на нивната професионална кариера и го олеснува преминот од академски (студентски) во професионален живот (на работно место), но исто така и за лица кои сакаат да научат за презентирање на професионална слика на пазарот на труд.

Биографија

Лумтурие Мехмеди Синани, дипломирана на насоката за комуникациски науки, е советник за кариера, сертифициран како Глобален олеснувач за развој на кариера. Нејзиното работно искуство е поврзано со контакти, советување и водство на баратели на работа, олеснување и медијација при вработување, како и обука во областа на професионален развој на кариера. Работела на проекти на USAID и UNDP и во моментов е ангажирана во Центарот за кариера на Универзитетот во Југоисточна Европа.

За следење на обуката, Ве молиме да се регистрирате на следниот линк:
https://forms.gle/zArbHzzmQP2ojShP6

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Font Resize
Click to listen highlighted text!