ЈАВЕН ПОВИК За аплицирање на кандидати за волонтирање во Младински Ресурсен Центар iCan – Гостивар (3 волонтери)
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават за волонтерска работа во Младинскиот Ресурсен Центар iCan – Гостивар.
Времетрање – 3 месеци (4 часа на ден, 3 дена во неделата).
Датум на започнување – 1 Февруари 2021.
Локација – Младински Ресурсен Центар iCan – Гостивар.
Одговорности – создавање на пријатна и пријателска средина отворена за членовите на заедницата, помош во спроведувањето на активностите на iCan , генерална подршка и асистенција на вработените на iCan , како и да бидат пример на младите кои во иднина ќе станат дел од iCan.
Минимум квалификации:
- Да се полнолетни лица;
- Познавање на албански, македонски и англиски јазик;
- Добро познавање на работа со комјутери (MS Office, Word, MS Outlook, Internet);
- Комуникациски вештини.
Начин на пријавување – заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: ican@seeu.edu.mk.
Рокот за доставување на документи е 26 Јануари 2021 година.
По истекот на рокот за аплицирање со сите кандидати кои аплицирале ќе биде спроведено интервју, а по завршување на постапката за селекција и рангирање најуспешните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната na iCan: www.ican.mk од каде може да добијат информации за нашите активности.
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.