s
About Us
Lorem Ipsum is simply dummy text ofering thetonat sunrising printing and typesetting industry seo is partysipati carma. Lorem Ipsum is simply dummy,
Follow Us

Blog

ОБУКА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

ОБУКА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГобучувач д-р Ива Дујак

Јазик: англиски

Датум на започнување: 13.01.2021 18: 00 часот

Локација: Online преку апликацијата ZOOM

Секој што ќе го заврши овој БЕСПЛАТЕН курс, ќе добие СЕРТИФИКАТ.

 

Обуката за дигитален маркетинг е петдневен вовед во најважните аспекти на комуникацијата преку дигитален маркетинг. Преку обуката учесниците ќе се стекнат со разбирање на концептот на дигитална комуникација, ќе научат за достапните алатки и начините за нивно користење.

Темите опфатени со обуката се однесуваат на создавање содржина, рекламирање на социјални медиуми, оптимизација на пребарувачите и многу повеќе. Секоја сесија е составена од теоретски и практичен дел, придружена со добри случаи од праксата. Учесниците ќе се поттикнуваат на интеракција и активно учество.

За следење на обуката не е потребно претходно работно искуство.

Обучувач:

Ива Дујак, доктор на економски науки – маркетинг, Економски факултет – Скопје.

Како главен оперативен директор во маркетинг агенцијата Brend Union е одговорна за развој на кампањи и комуникација на многу локални и интернационални брендови. Има искуство со брендови како Porsche, Philips, Wurth, Toyota Grant Thornton, Алкалоид, Витаминка, OBSCE и многу други. Одржува редовни предавања во Стопанската комора на Македонија, на академии за дигитален маркетинг и предавања како гостин на економските факултети во Скопје и Прилеп.

Агенда:

Ден 1Концепт на дигитален маркетинг (1 час) – Првата сесија е фокусирана на разбирање на концептот на комуникација преку дигитален маркетинг, разликите помеѓу дигитален и традиционален комуникациски пристап и важноста на интегрираната комуникација. Учесниците ќе се запознаат со сите комуникациски канали кои може да се користат кај дигиталниот маркетинг, преку примери за ефективен дигитален пристап.

Ден 2 – Креирање на содржина (1 час) – Втората сесија го опфаќа пристапот при креирањето на содржина за дигиталните платформи. Оваа сесија вклучува совети за пишување текстови за web-страници, блогови, социјални медиуми, како и насоки за оптимизација на пребарувачите и визулено раскажување приказни.

Ден 3 – Рекламирање (1 час) – Третата сесија ќе се фокусира на аспектот на промоција преку дигитален маркетинг. Оваа сесија ќе обезбеди детална презентација на социјалните медиуми и google алатките за рекламирање, како и совети за подобро рекламирање.

Ден 4 – Дигитална маркетинг кампања (1 час) – Четвртата сесија ќе се фокусира на интегрирање на наученото од претходните три сесии во една кохезивна дигитална маркетинг кампања. Студентите ќе научат како да развијат концепт, да детектираат таргет група, да изберат канали за комуникација и да развијат кампања што може да се спроведе преку каналите за дигитален маркетинг. Учесниците ќе бидат поделени во групи и секоја група ќе добие задача да креира презентација за нивната дигитална маркетинг кампања.

Ден 5 – Симулација – На петтата сесија учесниците ќе ја презентираат нивната работа и ќе добијат директни совети за нивните концепти.

За следење на обуката, ве молиме да се регистрирате на следниот линк: http://shorturl.at/bmHSX

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Font Resize
Click to listen highlighted text!