s
About Us
Lorem Ipsum is simply dummy text ofering thetonat sunrising printing and typesetting industry seo is partysipati carma. Lorem Ipsum is simply dummy,
Follow Us

Blog

ПОВТОРНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИКОТ ЗА ЕКСПЕРТ/ПРЕДАВАЧ ОД ОБЛАСТА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, МЕНАЏИРАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО И КОМУНИКАЦИЈА (краен рок за аплицирање 10.01.2021)

iCAN има потреба за ангажирање на еден експерт / предавач од областа на Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација, за предавање на 5-дневен курс во смерот на Професионализмот, менаџирањето на однесувањето и комуникацијата.

Апликантите ќе треба да му достават на iCAN наставна програма за обуката и план за имплементација кој ќе ги артикулира целокупните барања за ToR-от вклучувајќи ја и предложената методологија, јасна временска рамка и споделување на процесите.

Методологија и поле на дејствување

Од предавачот се очекува да:

Создаде методологија и динамика за обуката на тема Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација, да ги научи компаниите и невработените лица за основните вештини за комуникација и однесување, да ги научи како луѓето може да ги користат овие вештини за да станат подобри колеги во нивните компании и на работното место и исто така, да даде извештај по завршувањето на обуката.

Очекувани резултати:

Да ги научи студентите во врска со Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација.

По обуката, студентите треба да научат за:

  • Професионалното и етичкото однесување во работното место;
  • Потребите на менаџментот, однесувањата и барањата на клиентите;
  • Директна комуникација со колегите и клиентите;
  • Вербална комуникација;
  • Невербална комуникација;
  • Комуникација во пишана форма.

Предавачот ќе биде одговорен за организација и испорака на висококвалитетен наставен материјал и проценка на успешноста на учесниците на различен аудиториум на студенти, вклучувајќи ги и невработените лица и компаниите.

Совети и поддршка за студенти и компании за време на курсот.

Конечен извештај за спроведувањето на процесите по завршувањето на процесот на предавање.

Критериуми за искуство и вештини на Предавачи:

М.А. или М.С. (препорачливо Доктор на науки) во поле соодветно на обуката. Искуство во предавање на курсеви кои се практично ориентирани за планирање на додипломско или постдипломско ниво.

Академско искуство (најмалку 5 години) и применето искуство поврзано со Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација.

Теоретско и применето искуство поврзано со екосистемите за иновации и стартапи;

Способност за самостојна работа и во ситуации со тесна динамика и тесни рокови;

Одлични меѓучовечки вештини за комуникација и консултации.

Контакт:

ican@seeu.edu.mk

+389 78 358 335

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Font Resize
Click to listen highlighted text!