s
About Us
Lorem Ipsum is simply dummy text ofering thetonat sunrising printing and typesetting industry seo is partysipati carma. Lorem Ipsum is simply dummy,
Follow Us

Blog

ПОВТОРНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИКОТ ЗА ЕКСПЕРТ/ПРЕДАВАЧ ОД ОБЛАСТА МЕНАЏИРАЊЕ НА СТРЕСОТ (краен рок за аплицирање 10.01.2021)

iCAN има потреба за ангажирање на еден експерт / предавач од областа на Менаџирање на  стресот за предавање на 5-дневен курс во смерот на Менаџирање на стресот.

Апликантите ќе треба да му достават на iCAN наставна програма за обуката и план за имплементација кој ќе ги артикулира целокупните барања за ToR-от вклучувајќи ја и предложената методологија, јасна временска рамка и споделување на процесите.

Методологија и поле на дејствување

Од предавачот се очекува да:

Создаде методологија и динамика за обуката на Менаџирање на стресот, да ги научи учесниците како да се справат со стресни ситуации во животот, и да ги научи како да можат да ги користат овие вештини на работнот место и во секојдневниот живот.

Очекувани резултати:

Да ги научи студентите за техниките на менаџирање на стресот.

По обуката, студентите треба да бидат во состојба да:

  • Да ги разбираат различните видови на стрес
  • Да ги разбират различните видови на стратегии за олеснување
  • Да бидат без стрес и да бидат во состојба да подржат некого кој е во стресна ситуација.

Предавачот ќе биде одговорен за организација и испорака на висококвалитетен наставен материјал и проценка на успешноста на учесниците на различен аудиториум на студенти, вклучувајќи ги и невработените лица и компаниите.

Совети и поддршка за студенти и компании за време на курсот.

Конечен извештај за спроведувањето на процесите по завршувањето на процесот на предавање.

Критериуми за искуство и вештини на Предавачи:

М.А. или М.С. (препорачливо Доктор на науки) во поле соодветно на обуката. Искуство во предавање на курсеви кои се практично ориентирани за планирање на додипломско или постдипломско ниво.

Академско искуство (најмалку 5 години) и применето искуство поврзано со Менаџирање на стресот.

Теоретско и применето искуство поврзано со екосистемите за иновации и стартапи;

Способност за самостојна работа и во ситуации со тесна динамика и тесни рокови;

Одлични меѓучовечки вештини за комуникација и консултации.

Контакт:

ican@seeu.edu.mk

+389 78 358 335

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Font Resize
Click to listen highlighted text!