ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ / ПРЕДАВАЧ ОД ОБЛАСТА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, МЕНАЏИРАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО И КОМУНИКАЦИЈА (краен рок за аплицирање 23.12.2020)
iCAN има потреба за ангажирање на еден експерт / предавач од областа на Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација, за предавање на 5-дневен курс во смерот на Професионализмот, менаџирањето на однесувањето и комуникацијата.
Апликантите ќе треба да му достават на iCAN наставна програма за обуката и план за имплементација кој ќе ги артикулира целокупните барања за ToR-от вклучувајќи ја и предложената методологија, јасна временска рамка и споделување на процесите.
Методологија и поле на дејствување
Од предавачот се очекува да:
Создаде методологија и динамика за обуката на тема Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација, да ги научи компаниите и невработените лица за основните вештини за комуникација и однесување, да ги научи како луѓето може да ги користат овие вештини за да станат подобри колеги во нивните компании и на работното место и исто така, да даде извештај по завршувањето на обуката.
Очекувани резултати:
Да ги научи студентите во врска со Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација.
По обуката, студентите треба да научат за:
- Професионалното и етичкото однесување во работното место;
- Потребите на менаџментот, однесувањата и барањата на клиентите;
- Директна комуникација со колегите и клиентите;
- Вербална комуникација;
- Невербална комуникација;
- Комуникација во пишана форма.
Предавачот ќе биде одговорен за организација и испорака на висококвалитетен наставен материјал и проценка на успешноста на учесниците на различен аудиториум на студенти, вклучувајќи ги и невработените лица и компаниите.
Совети и поддршка за студенти и компании за време на курсот.
Конечен извештај за спроведувањето на процесите по завршувањето на процесот на предавање.
Критериуми за искуство и вештини на Предавачи:
М.А. или М.С. (препорачливо Доктор на науки) во поле соодветно на обуката. Искуство во предавање на курсеви кои се практично ориентирани за планирање на додипломско или постдипломско ниво.
Академско искуство (најмалку 5 години) и применето искуство поврзано со Професионализмот, менаџирање на однесувањето и комуникација.
Теоретско и применето искуство поврзано со екосистемите за иновации и стартапи;
Способност за самостојна работа и во ситуации со тесна динамика и тесни рокови;
Одлични меѓучовечки вештини за комуникација и консултации.
Контакт:
+389 78 358 335
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.