ПОВТОРНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИКОТ ЗА ДВАЈЦА МЕНТОРИ НА КОМПАНИИ (краен рок за аплицирање 24.12.2020)
iCAN се обидува да ангажира двајца ментори за спроведување на 8 менторства (8 компании) во компании кои работат во полошкиот регион.
Менторството се очекува да заврши во рок од 3 месеци (5 дена скенирање на компанијата на самото место, 5 дена подготовка на материјали и 5 дена дисперзија и консултации со менторирани компании).
Менторите ќе треба да му обезбедат на iCAN план за спроведување на менторството кој ќе ги артикулира целокупните барања на ToR-от, вклучувајќи ја предложената методологија, јасна временска рамка и споделување на процесите.
Методологија и дејствување
Од Менторот се очекува:
Креирање на методологија и динамика за менторство на компании, скенирање на внатрешните процеси во компаниите, дефинирање на деловните процеси кои имаат потенцијал за оптимизација и автоматизација како и давање на извештај за спроведеното менторството и скенирање.
Очекувани резултати:
План за работа за одвивање на менторство, вклучувајќи ги предложените стратегии и методологии, како и планот за обезбедување на сигурност;
Евалуација на процеси кои имаат потенцијал за оптимизација и автоматизација.
Креирање на список на процеси кои ќе ја оптимизираат / подобрат работата / процесите во компанијата
Совети и поддршка за компаниите во фазата на менторството
Конечен извештај за спроведувањето на процесите по завршување на менторството.
Барања за менторско искуство и вештини:
Минимум магистерско образование во економија или друга релевантна област;
Академско и апликативно искуство (најмалку 5 години) поврзано со МСП и внатрешни инфраструктури на МСП;
Теоретско и применето искуство поврзано со екосистемите за иновации и стартапи; искуство во градење на капацитети кај МСП;
Способност за самостојна работа и во ситуации со тесна динамика и тесни рокови;
Одлични меѓучовечки комуникациски вештини, вклучувајќи искуство со скенирање на компании / менторство / консултации.
Контакт:
+389 78 358 335
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.