s
About Us
Lorem Ipsum is simply dummy text ofering thetonat sunrising printing and typesetting industry seo is partysipati carma. Lorem Ipsum is simply dummy,
Follow Us

Blog

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ/ПРЕДАВАЧ ОД ОБЛАСТА МЕНАЏИРАЊЕ НА СТРЕСОТ (краен рок за аплицирање 20.12.2020)

iCAN има потреба за ангажирање на еден експерт / предавач од областа на Менаџирање на  стресот за предавање на 5-дневен курс во смерот на Менаџирање на стресот.

Апликантите ќе треба да му достават на iCAN наставна програма за обуката и план за имплементација кој ќе ги артикулира целокупните барања за ToR-от вклучувајќи ја и предложената методологија, јасна временска рамка и споделување на процесите.

Методологија и поле на дејствување

Од предавачот се очекува да:

Создаде методологија и динамика за обуката на Менаџирање на стресот, да ги научи учесниците како да се справат со стресни ситуации во животот, и да ги научи како да можат да ги користат овие вештини на работнот место и во секојдневниот живот.

Очекувани резултати:

Да ги научи студентите за техниките на менаџирање на стресот.

По обуката, студентите треба да бидат во состојба да:

  • Да ги разбираат различните видови на стрес;
  • Да ги разбират различните видови на стратегии за олеснување;
  • Да бидат без стрес и да бидат во состојба да подржат некого кој е во стресна ситуација.

Предавачот ќе биде одговорен за организација и испорака на висококвалитетен наставен материјал и проценка на успешноста на учесниците на различен аудиториум на студенти, вклучувајќи ги и невработените лица и компаниите.

Совети и поддршка за студенти и компании за време на курсот.

Конечен извештај за спроведувањето на процесите по завршувањето на процесот на предавање.

Критериуми за искуство и вештини на Предавачи:

М.А. или М.С. (препорачливо Доктор на науки) во поле соодветно на обуката. Искуство во предавање на курсеви кои се практично ориентирани за планирање на додипломско или постдипломско ниво.

Академско искуство (најмалку 5 години) и применето искуство поврзано со Менаџирање на стресот;

Теоретско и применето искуство поврзано со екосистемите за иновации и стартапи;

Способност за самостојна работа и во ситуации со тесна динамика и тесни рокови;

Одлични меѓучовечки вештини за комуникација и консултации.

Contact:

ican@seeu.edu.mk

+389 78 358 335

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Font Resize
Click to listen highlighted text!