Маркетинг на друштвените мрежи за мали бизниси
Малите бизниси не можат да си дозволат да бидат или неактивни на друштвените мрежи. Доколку имате профил на Фејсбук, Инстаграм или Твитер ќе бидете во контакт со вашите клиенти, а тоа ќе ви помогне и да имате повеќе посети на вашиот вебсајт или физичка продавница.
Научете што е потребно за да бидете успешни во маркетингот на друштвените мрежи, без многу ресурси или посебен кадар за маркетинг.
Научете како да направите акциски план во кои се наведени вашите цели, тимот и буџетот, и најдете време да ги спроведете вашите идеи.
На крајот на вебинарот учесниците ќе можат да ги утврдат стратегиите за Оптимизација на алатките за пребарување (СЕО) со што ќе се зголеми бројот на посети на сајтот, да ги наведат најголемите платформи на друштвените мрежи, да ја предвидат најдобрата стратегија за друштвените мрежи за мал бизнис според однесувањето на клиентите, да подготват план за друштвени мрежи со стратешки идеи и мерливи цели.
Овој вебинар е бесплатен за сите што сакаат да учествуваат, а сертификати ќе им бидат доделни на сите што ќе учествуваат на едночасовниот вебинар.
No Comments
Sorry, the comment form is closed at this time.